Забремени со ин-витро: Натали Имбрулија доби син

од desk4

Популарната Натали Имбрулија на Инстаграм објави дека добила син, на кој му го дала името Макс Валентин. Она што многумина го забележале е дека бебето го носи нејзиното презиме.

Таа пред неколку месеци за јавноста откри дека забременила преку ин-витро процедура, со помош на купена сперма. Натали стана мајка на 44-годишна возраст и ова е нејзино прво дете.

„Добредојде Макс Валентин Имбрулија. Срцево ми пука од среќа“, напишала таа на фотографијата на која се гледа бебешко раче, но не и лицето на детето.

Идентитетот на донаторот со чија сперма било изведено вештачкото оплодување не е познат за јавноста.

Слични содржини