Задолжително маски и дезинфекција: На кој начин ќе се одвива постапката за гласање?

од Берта Китинска

Избирачкиот одбор ќе биде задолжен да се грижи за почитувањето на протоколите за здраствена заштита на денот на изборите.На избирачките места сите присутни задолжително ќе носат заштитна маска и ќе ги дезинфицираат рацете

Постапката за гласање на овие локални избори како што објасни од ДИК  ќе се одвива на следиот начин:

  1. Идентификување на личниот идентитет на гласачот со документ за лична идентификација (лична карта или пасош) ,
  2. Идентификување на гласачот со Уредот за биометриска идентификација на гласачи (УБИГ),
  3. Проверка и потпишување во избирачкиот список,
  4. Издавање на гласачки ливчиња ( гл.ливче за градоначалник на општина и гл.ливче за членови на совет на општина),
  5. гласање позади гласачкиот параван,
  6. спуштање на гласачкиет ливчиња во соодветната гласачка кутија.

За градоначалничката функција на утрешните избори ќе се натпреваруваат 299 кандидати во 80 општини и во градот Скопје. За некој од нив да победи во првиот круг, потребно е да освои мнозинство гласови, но само ако на гласање излезат 1/3 од запишаните избирачи во Избирачкиот список за соодветната општина. Право на глас на седмите локални избори во Македонија имаат 1.824.863 гласачи.

Слични содржини