Заедничка вежба на антитерористичките единици на Македонија и Бугарија во Охрид

од Nikola Popovski

Демонстрација на заедничката оперативно-тактичка вежба „ХАРПУН 2022“ со учество на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ од Република Северна Македонија и Специјалниот одред за борба против тероризмот на Министерството за внатрешни работи на Бугарија, во соработка со Секторот за воздухопловни единици на Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија, денеска ќе се одржи на брегот на Охридското Езеро до Граничната полициска станица Охридско Езеро, информираат од нашето Министерство за внатрешни работи.

Ова е втора ваква заедничка вежба за оваа година, по онаа што се одржа во јуни 2022 година во Софија. На неа ќе присуствуваат делегации од двете министерства, предводени од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и заменик министерот за внатрешни работи на Република Бугарија, Венцислав Катинов.

Слични содржини