Заедничко судење на четворица поранешни лидери на ОВК

од Nikola Popovski

Специјализираниот совет на Косово објави, како одговор на приштинската телевизија Т7, дека на четворицата обвинети поранешни водачи на ОВК во Хаг ќе им се суди во заедничка постапка.

Поранешните водачи на ОВК, Хашим Тачи, Кадри Весељи, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи се во притвор во Хаг и се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото пред Специјалниот суд.

Обвинението против нив беше потврдено на 26 октомври 2020 година и објавено на 5 ноември.

Во случајот на Специјалниот обвинител против Тачи и другите, судијата на претходна постапка се уште нема одлучено кога случајот ќе биде упатен до Судскиот совет. Случајот во моментов е во фаза на претходна постапка.

Во текот на оваа фаза, судијата на претходна постапка одржува рочишта, по потреба, за да ги подготви постапките.

Кога ќе завршат подготовките, судијата на претходна постапка ќе ги предаде списите на предметот на тричлен совет и резервен судија, кои ќе ги назначи претседателот.

Датумот на пренесување на списите на предметот до Судскиот совет и датумот на започнување на судењето не се утврдени.

Судењето ќе биде заедничко, наведува Специјализираниот совет на Косово.

Слични содржини