Заедно да работиме и да се грижиме за Скопје да биде поубав модерен град, вели Арсовска

од Берта Китинска

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска порача дека треба сите заедно да работиме и да се грижиме за Скопје да биде поубав и модерен град.

– Верувам дека треба да гледаме кон иднината. Треба да гледаме не само на тоа секоја година на овој ден да ги спомнуваме жртвите коишто ги имаше предизвикани од овој трагичен настан, овој катастрофален земјотрес, туку треба да гледаме кон тоа како Скопје прерасна од метропола во град на солидарноста, во град на соживотот, во град на којшто голем број на нации пристапија кон помош и со тоа придонесоа тој повторно да се издигне од рушевините, изјави Арсовска по положувањето цвеќе на Споменикот на жртвите од земјотресот на Градските гробишта во Бутел.

Сакам на сите скопјани, како што нагласи, да им посакам да работат на тоа Скопје да биде поубав модерен град, сакам на сите скопјани да им посакам воедно заедно да се грижиме за ова кое што сите оние изминати генерации ни го оставиле и го изградиле, да го направиме да биде што е можно поубаво.

Слични содржини