Заев: 10.279 лица ќе се вработат преку Оперативниот план за активни програми

од Nikola Popovski

„Во тек е спроведувањето на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги за пазарот на трудот за 2021, кој оваа година изнесува 1,5 милијарди денари и со него ќе бидат опфатени 10.279 лица“, објави премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил.

Според него, целта е да се обезбедат работни места посебно за најмладите, долгорочно невработените и лицата кои користат социјална помош, но и да им се помогне на сите оние кои ги загубија своите работни места поради пандемијата.

„Јавните огласи се во тек, работодавачите и невработените лица може да аплицираат за програмите и мерките за вработување преку следниот линк: av.gov.mk/oglasi-za-rabotodavaci.nspx.

Креираме инклузивен и рамномерен регионален развој, економските мерки се насочани за спас на секое работно место. Оперативниот план е креиран во согласност со потребите на невработените лица и на претприемачите“, соопшти премиерот.

 

Слични содржини