Заев: Ако Мицкоски вели дека водат тогаш зошто бегаат од избори, средината на јуни е најдобро време за нивно одржување

од Nikola Popovski
211 прегледи

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за отвореното студио на Телевизија 24 изјави дека средината на јуни е добро време за избори, доколку втората вонредна состојба заврши на 16-ти мај и не биде продолжена.

„Ние сакаме изборите да бидат што порано, затоа што не може да се каже кога ќе се јават повторни можни бранови на коронавирусот. Ние сме без Парламент и без политичка Влада и не можеме да дозволиме државата да влезе во уставни проблеми“, вели Заев.

Според него, интересот на државата треба да биде на прво место и пресудно е граѓаните да знаат за што гласаат, какви се програмските ветувања и со кои кадровски капацитетит ќе настапат. Тој додава дека најверојатно на изборите ќе се гласа со маски и дезинфекциско средство.

На прашањето за изјавата на Мицкоски дека неговата партија води двоцифрено, Заев вели дека доколку водат, зошто ВМРО-ДПМНЕ бега од избори.

„Анкетите уште пред корона-кризата покажаа дека нашата коалиција води со 5 проценти и мислам дека таа вредност во моментов е зголемена“, смета лидерот на СДСМ.

Слични содржини