Заев: Алијанса за Албанците и Алтернатива како коалиција се сериозна опција

од Nikola Popovski
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев за емисијата „Топ тема“ изјави дека прво за нив граѓаните се граѓани и навистина адресираат исти планови, исти надежи и исти ветувања насекаде.
„Во сите овие наши настапи ако мое обраќање до граѓаните на сите овие трибини или било какви настапи е некаде 30 минути можеби 2 -3 минути трошиме на ДУИ но веројатно тоа поминува кај луѓето заради тоа што сме се уште актоулени коалициони партнери, дефинитивно лично мислам дека е здраво и за државата и за ДУИ да поминат во опозиција, 17 години власт е премногу долг период посебно имајки во предвид дека доаѓа време во кое што треба да работиме дома“, смета Заев. 
На прашањето, што ако ДУИ е одлучувачки фактор на овие избори, Заев рече дека нема да прифатат никакви уцени и дека имаат и други опции.
„Опции имаме и ги гледаме. Алијанса за Албанците и Алтернатива како коалиција се сериозна опција, да видиме малите политички партии, колку мандата ние ќе добиеме. Сето тоа е отворено. Јас оставам простор граѓаните да го дадат легитимитетот кој што да биде во оваа држава“, изјави Заев.

Слични содржини