Заев: АСНОМ е историска потврда на нашиот македонски јазик и идентитет

од Nikola Popovski

„Македонскиот народ ја оствари својата сувереност во АВНОЈ-ска Југославија и го оствари својот вековен идеал за своја држава со АСНОМ-ска Македонија. АСНОМ е историска потврда на нашиот македонски јазик и нашиот македонски идентитет. Но, давањето етнички карактеристики на фашизмот е неприфатливо. Дали било тоа во бугарски или било кој друг контекст“, изјави премиерот Зоран Заев на прашање поврзано со интервјуто дадено за еден бугарски медиум.

Според него, денес треба да работиме на отстранување на последиците од „железната завеса“ кои сѐ уште се осеќаат меѓу Северна Македонија и Бугарија.

„Историјата треба да нѐ учи дека можеме и поинаку, дека можеме и подобро, дека треба да соработуваме, но и меѓусебно да ги почитуваме разликите помеѓу нас. Само со почитување на разликите и заедничка борба против говорот на омраза и нетолеранција во македонското и бугарското општество можеме да градиме добрососедски односи и заедничка иднина“, истакна Заев.

Слични содржини