Заев: Балканот е нашиот заеднички европски дом во кој се поддржуваме и во кој ги унапредуваме односите

од Vladimir Zorba

Попладнево им посакав добредојде на претседателот на Србија, Вучиќ и на премиерот на Албанија, Рама после што имавме заедничка прошетка по новиот скопски кеј, каде домаќин ни беше градоначалникот Шилегов. Разговаравме и со граѓаните во центарот на Скопје, како најава на Економскиот форум за регионална соработка кој за првпат се одржува во Северна Македонија, како и за отворањето на нови перспективи за нашето поврзување, сподели премиерот на својот Фејсбук профил.

Балканот е нашиот заеднички европски дом во кој се поддржуваме и во кој ги унапредуваме односите. Нашиот поглед е напред, кон подобро утре, кон економски раст и развој, кон добробит за нашите народи, додаде тој.

Слични содржини