Заев: Бројчаникот ќе заврти, 18 милиони евра се до сега

од desk2

Премиерот Зоран Заев, очекува деновиве да заврти конечно, бројчаникот поставен на портата „Македонија“ во Скопје, со кој треба да се бројат парите вратени од криминалите направени во земјава.

Опозицискиот лидер Христијан Мицкоски, во вечерашната емисија „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, го праша Заев, зошто бројчаникот се уште не свртел.

Заев рече дека очекува деновиве да почне да брои.

„18 милиони евра се до сега. Ќе заврти бројчаникот. Требаат пресуди за тоа“, рече Заев.

„Јас имам информации дека е минус 2 милиона“, реплицираше Мицкоски.

 

 

Слични содржини