Заев: Бројот на новозаболени се последица на партиското профитерство на Чулев и Мицкоски

од Берта Китинска

Бројките на новозаболени лица кои ги бележиме деновиве се директна последица од неработењето, популизмот и партиското профитерство на техничкиот министер Наќе Чулев и неговиот шеф Христијан Мицкоски, напиша на Фејсбук преседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој вели дека е со крајно неодговорната, евтина и популистичка изјава дека граѓаните не требале да се казнуваат кога не ги почитуваат мерките и задолженијата, министерот за внатрешни работи директно го има поттикна непочитување и прекршување на рестриктивните мерки и задолженија.

-Јавноста во бројни наврати беше сведок на масовни прекршувања на забраната за движење, забраната за групирање, непочитување на задолжително носење заштита опрема, а полицијата предводена од Чулев не преземаше ништо.
Чулев и Мицкоски немаат никаква почит ниту кон здравствените работници, ниту кон експертите од Комисијата за заразни болести. Наместо да ја поддржат работата на Комисијата, тие бараат нејзино разрешување и со тоа истураат партиски бои врз епидемиологијата и сакаат да ги остават граѓаните на цедило.

Денеска, стигнува сметката од таквото несовесно, незрело и неодговорно однесување на Чулев кој по диктат на Мицкоски не презема ништо за да се санкционираат оние кои не ги почитуваат мерките и задолженијата.
Мицкоски и Чулев се олицетворение на неодговорноста кои се водат од позицијата “колку им е полошо на граѓаните, толку е подобро за нивната партија”. Таквото антинародно и антидржавно однесување мора да запре, Чулев мора веднаш да поднесе оставка затоа што свесно го загрозува јавното здравје и свесно поттикнува незаконско постапување.
Македонската полиција и македонските граѓани треба час поскоро да се ослободат од неодговорното однесување на Наќе Чулев, пишува Заев.

Бројките на новозаболени лица кои ги бележиме деновиве се директна последица од неработењето, популизмот и партиското…

Публикувахте от Zoran Zaev в Петък, 29 май 2020 г.

 

Слични содржини