Заев: Буџетот е како лист хартија, а реалните пари ги нема во буџетот (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Соопштивме сериозен пакет на мерки, ретко кој го направи тоа на Балканот. Тоа е благодарение на тоа што го кренавме БДП од- 1,8 на 3,6% и ова ја става нашата држава во положба да развива и да повлекуваме кредити. Сепак граѓаните треба да знаат дека големите пари ги повлекоа големите земји, изјави на прес-конференција лидерот на СДСМ и експремиер Зоран Заев, во врска со економските последици на коронавирусот врз земјава.

Според него, дел од кредитите ќе ја санираат состојбата но дел мора „солидарно сите заедно да го понесеме“.

– Мораме да ги подржиме работниците, мораме да ја подржиме економијата и фирмите затоа што доминантно тие го полнат буџетот, доминантно тие го крепат БДП и што обезбедуваат плати на нашиот народ, плаќаат даноци и давачки и го генерираат развојот на земјата. Во такви околности мора да имаме рамномерна распределба на товарот кој сите мора да го понесеме, вели Заев.

Нашите мерки, вели тој ги испорачавме до Владата и таа конечно ќе донесе решение.

– Но граѓаните треба да знаат и тоа го кажувам јавно дека очекувањата за наплатата се меѓу 30 и 40 отсто, односно ќе недостасува 60%. Триесет отсто ќе вратиме доколку обезбедиме кредити од милијарда и 200 милиони, а во моментов ни нудат неповеќе од 600 милиони. Дури и да обезбедиме милијарда и 200, останатите 30 отсто, мора да кратиме и штедиме, вели експремиерот.

Сите непродуктивни трошоци, сите средства коишто одат надвор од државата се кратат, а тоа се околу 7 милијарди денари, но тоа не е доволно, вели Заев.

– Ние можеме да правиме купувања од „празно во шупљо“, но треба да знаат сите дека буџетот е лист хартија, а реалните пари ги нема во буџетот, а тој буџет треба да помогне и на работниците и на стпанството.З атоа мора да го споделиме товарот. Ваквите мерки не се благо пријатни, но се добри за стопанството, затоа што ќе знаат дека можат да сметаат на својата земја, посочува тој.

Но заедничкото и солидарно распределување на понесеувањето на трошоците, мора да го направиме, порача претседателот на СДСМ.

– Ако го направиме тоа има големи шанси да го скратиме периодот на пребродување на кризата, ако не – треба да бидеме спремни на се. Државата мора да ги извршуа основните функции, да пушта пари на болниците и аптеките за да има лекови и лечење, полицијата и војската мора да бидат обезбедени во оваа криза. Лесно им е на некои од другата страна да се прават фраери, да изиграваат паметни, да даваат било какви сугестии, само за да соберат политички поени. Треба точно да се каже каква е состојбата, додава Заев.

Слични содржини