Заев: Д-р Николов е олицетворение на чесната понуда на СДСМ за овие предвремени локални избори во општина Штип

од Nikola Popovski

Премиерот Зоран Заев како претседател на СДСМ објави дека му е чест ми е да ја даде целата поддршка на кандидатот на партијата д-р Сашко Николов на изборите за градоначалник во општина Штип.

„Сашко е олицетворение на чесната понуда на СДСМ за овие предвремени локални избори во општина Штип. Целиот свој професионален и човечки ангажман, Сашко целосно го има посветено на бескомпромисна работа за граѓаните и нивното здравје, не само за Штип и штипјани, туку за сите граѓани од источниот регион. Во краткиот период додека ја извршуваше функцијата пратеник во Собранието, Сашко покажа како се работи посветено и одговорно во интерес на граѓаните и државата“, потенцира Заев.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ бега од избори затоа што знае дека ќе изгуби, затоа што нема понуда, никој не се нафаќа да се кандидира за губитникот Мицкоски.

„На Мицкоски не му е важно здравјето на граѓаните. Бега од изборите во Штип, а истовремено бара предвремени парламентарни избори. Тоа е лицемерие и потценување на граѓаните.Изборите се безбедни по здравјето на граѓаните и сите учесници во изборниот процес и ќе се одржат со целосно запазување на протоколите за заштита од КОВИД-19. Штипјани и штипјанки, избирачкото право е уставно загарантирано и врвна демократска вредност – искористете го, излезете и гласајте“, заклучи Заев.

Слични содржини