Заев: Да барате од работникот да врати дел од парите назад е зло

од Vladimir Zorba

Премиерот Зоран Заев апелира до надлежните институции да изрекуваат казни доколку некој работодавач бара работникот да врати дел од исплатената минимална плата. За такво нешто, како што рече, со Кривичниот законик, е регулирана казна затвор, а работниците треба да пријавуваат доколку има такви случаи.

– Ако државата, синдикатот, коморите, стиснале заби и направиле сериозен исчекор поврзан со минимналната плата во амбиент кога државата ги субституира придонесите за секое покување, вклучително и за минималната плата, апелирам до сите за казнивост веднаш за оваа незаконитост што ја спомнавте како можност. Тоа не само што е незаконитост, туку е и зло. Да барате од работникот да врати дел од парите назад е зло. Зборуваме за плата од 14.500 денари, а сметките на четиричлено семејство се 10.000 со сите штедења. Законите предвидуваат затвор, ова е регулирано во Кривичниот законик. Апелирам до сите, Трудовиот инспекторат, Финансоовиот инспекторат, Финансиската полиција, мојот Кабинет стои на располагање, изјави Заев, одговарајќи на новинсраки прашања на прес-конференцијата во Владата за платформата „Отворени финансии“.

Според Заев, за да пријават работниците можат да ги користат сите алатки на демократијата.- Тука им е секој медиум, има можност за заштитеност на нивниот идентитет, има можност да си го ангажираат синдикатот, анонимно да контактираат со инспекции, да се јават во мојот и во кабинетите на министрите, рече премиерот Заев.

Слични содржини