Заев: Да го подигнеме економскиот стандард на сограѓаните Роми

од Nikola Popovski

Важно е да го постигнеме единството и мене ми е мило што тоа го постигнуваме. Овие денови праќаме порака до сите други кандидати да дојдат и да се обединиме, и тие доаѓаат се приклучуваат. Сите знаат дека овде Асан победува. Како коалиција сме многу силно заедно, затоа што сме мултиетничка коалиција, затоа што сме едно заедничко општество каде сите се со еднакви шанси, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев кој беше меѓу граѓаните на Шуто Оризари каде разговараше за понудата на СДСМ и коалицијата за претстојните локални избори.

Наша цел е, порача Заев заедно со Ферат Асан да ги мултиплицираме ефектите и да го подигнеме стандардот во урбаното живеење, во комуналната инфраструктура, квалитетот на образовниот процес и во детските градинки и во основните училишта, но и да го подигнеме економскиот стандард на сограѓаните Роми.

Слични содржини