Заев: Дали сме за Путин или за Делчев – имаме само еден избор

од Nikola Popovski

Дали сме за воена агресија или за културен натпревар меѓу народите? За Путин или за Делчев? За агресија или за слободa? Имаме само еден избор и мораме да го направиме тој избор. Нема неутралност по овие прашања, вака објави поранешниот премиер Зоран Заев на својот Фејсбук профил.

Заев на конференцијата во Струмица насловена „Суверенитот и Европа“ што ја организираше Француската амбасада, ѝ порача на ЕУ да го промени начинот на носење одлуки и дека европската идеја не смее да биде уценета од национализмот.

Тој смета дека руската агресија врз Украина е причината зошто ЕУ мора да ги реши сите отворени прашања во регионот, особено нашето, македонско прашање.

Како што рече, не постои оправдување за ниту една цивилна жртва во Украина, не постои оправдување за украинските деца, кои со огромна грижа бараат безбеден дом насекаде низ Европа, а нема да постои оправдување и доколку падне проектил врз спомен куќата на Крсте Петков Мисирков во Одеса.

Слични содржини