Заев: Денешната статистика за КОВИД-19 нѐ загрижува и нѐ допира сите

од Vladimir Zorba

„Денешната статистика за КОВИД-19 нѐ загрижува и нѐ допира сите. Тие бројки се личности, наши сограѓани, пријатели и роднини. Неминовна е потребата од поголема заштита од коронавирусот и спречување на негово ширење“, сподели вечерва премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил.

„Затоа ми е драго што вечерва Собранието на Република Северна Македонија ги изгласа новите мерки предложени од Владата, со кои маската на отворено станува задолжителна!

Иако пратениците од опозицијата го кочеа носењето на овој значаен закон и гласаа воздржано, со мнозинаство гласови и одговорноста на пратениците од мнозинството вечерва Собранието ги усвои измените на Законот за заштита на населението од заразни болести.

Сите имаме удел во оваа заедничка борба. Да се бориме и да се заштитиме себеси и нашите најмили со тоа што ќе ги почитуваме мерките. #ЗаштитиСе“, додава тој.

Слични содржини