Заев, Димитров и Грабар-Китаровиќ: Честито Хрватска!

од Vladimir Zorba

Македонскиот премиер Зоран Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров синоќа и ја честитаа на хрватската претседателка, Колинда Грабар-Китаровиќ победата на Хрватска против Англија на Мундијалот во Русија, пренесува 24 вести.

„Честито Хрватска! Политиката, спортот, регионот и светот се среќаваат вечерва во Брисел“ – стои во честитката на премиерот Заев на Фејсбук.

Грабар-Китаровиќ синоќа не можеше повторно да биде дел од Мундијалот во Русија поради обврските на Самитот на НАТО во Брисел, но харизматичната претседателка ќе биде во ложата на „Лужники“ стадионот во Москва в недела, на финалето меѓу Хрватска и Франција./24 вети.

Слични содржини