Заев до ДУИ: Со 15 пратеници премиер не се добива

од Aleksandar Petrovski

-Не ни треба премиер кој ќе остварува политички агенди. Треба да размислуваме за премиер и министри кои ќе работат за државата и за граѓаните. СДСМ никогаш немал проблем со определбата на кој било кандидат, за која било функција во државата, но за премиер треба да се имаат бројки. Со 15 пратеници, премиер не се добива, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Заев изјави дека сака да ги чуе размислувањата и идеите на ДУИ околу предлогот за ротација на премиерската позиција, но укажа дека на државата и е потребен премиер кој што ќе се зафати да работи.

Слични содржини