Заев до Груевски: Дојди дома па заедно ќе кометираме за идните развојни можности

од Берта Китинска

На прашањето како го коментира Фејсбук статусот на поранешниот премиер Никола Груевски за странските инвестиции, Зоран Заев јавно го повика екс премиерот да си дојде дома и заедно да коментираат за идните развојни можности на земјата.

-Е златен ден сега вие ќе го расипете, нека дојде дома па ќе коментираме заедно , што да кажа друго ако нешто е  позитивно и она што било добро, а е започнато од предходната власт ние  го продолживме. Проектот Скопје 2014 не беше добар и затоа не се продолжи. Денес е слобода, демократија секој може да искоментира, па така и поранешниот премиер си коментира секојдневно, го повикувам да дојде дома и да ги искометираме идните развојни можности на државата, изјави Заев.

Слични содржини