Заев до Мизрахи: Во португалскиот предлог стои дека зборуваме два различни јазици

од Nikola Popovski

Премиерот Зоран Заев денес од собраниската говорница изјави дека не ни треба Европска унија, ако некој сака да преговараме за македонскиот јазик и македонскиот идентитет.

„Во Софија разговаравме за патоказотот кој стои во португалскиот предлог. Во тој патоказ се опишани сите облици на соработка, со датуми, како што е изградба на патна инфраструктура, отворање гранични премини и други облици на соработка. Во однос на јазикот стои дека говориме два слични, но различни и меѓународно признати јазици. Ние сличен јазик имаме и со Србите, Хрватите и други словенски народи“, рече Заев, одговарајќи на прашање на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи.

Тој објасни дека со Бугарија се разговара за патоказ, што е предлогот во португалското решение на проблемот. Рече дека после изборите во Бугарија и формирањето на влада верува дека ќе продолжат преговорите за изнаоѓање заедничко решение.

Слични содржини