Заев: До октомври да ги заокуржиме реформските процеси за датум за преговори со ЕУ

од Vladimir Zorba

Премиерот Зоран Заев смета дека земјава заслужува да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ поради тоа што изминатите две години напорно работела на таа цел. Уверен е дека во октомври конечно по 15 години ќе го добие долгоочекуваниот датум за преговори. Во меѓувреме, рече, ќе продолжиме да работиме на реформите за да не и се даде алиби на ЕУ за поинаква одлука. Порача дека власта е отворена за соработка со опозицијата за сите клучни прашања важни за интересот на граѓаните и државата.

– ЕУ лани во јуни даде четири конкретни цели за нашата земја, а тоа е праквосудството, борба против криминалната корупција, реформата во безбедносните служби и реформата во јавната администација. Со извештајот од 29 мај оваа година тоа беше потврдено стопроцентно во делот на исполнувањето. На основа на тој извештај ЕУ носи одлука. Одлуката беше одложена за октомври од технички причини заради европските избори, рече на заедничката прес-конференцијата Заев со еврокомесарот Хан.

Останува, додаде, еден период од јуни до октокмври кој е празен период во делот на оценувањето, но, како што потенцира, земјата треба да продолжи да работи на владеење на правото.

-Се разбира нам ни останува до октомври со искрена и чесна посветеност да ги заокуржиме реформските процеси иако не се бара од нас да продолжиме со исто темпо, со иста динамика особено во завршниците на реформите на правосудниот систем, со новиот Предлог-закон за ЈО за да се поставиме на есен како земја која ги затоврила сите прашња за добивање на ветениот датум за старт на преговорите, рече премиерот.

Тој, како што истакна, му порачал на Хан дека во октомври очекуваме ЕУ да си го одржи зборот и да објави дека земјата може да ги отпочне преговорите по поглавјата за членство во ЕУ.

– На тој начин ќе биде потврдено не самата наша желба и очекување, туку и она што е запишано во Извештајот на ЕК за оваа година дека РСМ е блескав пример како и во заклучокот на Советот за општи работи на ЕУ во Луксембург дека поради ограниченото време и важноста на прашањето Советот ќе се врати на него со јасна и суштинска одлука што е можно поскоро, но не подоцна од октомври 2019 година, потенцира Заев.

Покрај со Заев, Хан за време на посетата на земјава, ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски и лидерите на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ Али Ахмети и Христијан Мицкоски.

Слични содржини