Заев: Добро е за овие празници полјаните да бидат исполнети и времето да го поминеме надвор

од Берта Китинска

Бројките фала му на Бога паѓаат, мерките кои беа донесени дадо резултат, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

-Апелирам да се почитуваат мерките и доколку граѓаните забележат групирање каде што нема дистанца подобро е веднаш да се оддалечат.Добро е за овие празници полјаните да бидат исполнети и времето да го поминеме надвор. Кога ќе ги славиме празниците им препорачувам на верниците да запалат ако не одат во црква свеќичка за Велигден пред зграда пред куќа со почитување на мерките, изјави премиерот кој откри дека празникот оваа година ќе го помине во родната Струмица .

Слични содржини