Заев: Државата е горда што одбра решение што обединува

од Vladimir Zorba

   Македонскиот премиер Зоран Заев нагласи денеска по потпишувањето на Договорот со Грција за решавање на спорот за името, дека државата е горда што одбрала решение што обединува.


– Денес ставаме крај на еден спор. Ставаме крај на повеќегодишните разлики што издигнаа ѕид кој ги отежнуваше пријателски односи меѓу соседите…Ова е свечен чин и израз на посветеноста да се најде решение што е во интерес на иднината и на граѓаните на двете држави нагласи премиерот Заев.

Со Договорот што е потпишан денеска „се создава шанса  и тоа е историска можност за засилена соработка, посилни економски врски и повисок раст и развој“. Според него, од изолација или самоизолација, ниту Македонија ниту Грција немале полза.

Слични содржини