Заев: Државата прогресира Мицкоски протестира

од Берта Китинска

Не ја гледам здравата логика да се протестира за покачување на струјата, кога таа и сега е поевтина во споредба со 2017 година како што ја затекнавме, оцени вечерва премиерот Зоран Заев во емисијата „Отворено студио“ на МТВ.

-Просечна сметка за струјата во 2006 година беше 822 денари, а во 2017 година 1.635 денари, односно покачена за 100 проценти, со воведувањето на евтината тарифа на струјата, сметката се намали на 1.309, односно падна за 326 денари заради евтината тарфиа, појасни Заев.

Додаде дека и со сегашното покачување е 228 денари поевтина од 2017 година.

-Државата прогресира Мицкоски протестира, за што, да си ја задржи фотелјата, истакна Заев. Од друга страна чесно е да е се дадат 100 дена на владата, а не да се протестира по петтиот, шестиот ден, рече премиерот Заев во интервјуто за НТВ со уредници и новинари.

Слични содржини