Заев: Држете дистанца од Мицкоски и не му давајте шанса на режимот да не зарази

од Vladimir Zorba

„Знаете дека Мицкоски шеташе по кафани и теретани во време на забрани. Сега оди по собири со народот и допира храна, се поздравува со сите, не почитува дистанца. Затоа граѓаните мора да држат дистанца од Мицкоски оти тој е еклатантен пример за непочитување на мерките за заштита на здравјето“, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на предизборната трибина во Крива Паланка, на која беа претставени носителите во тројката, Љупчо Николовски и Јагода Шахпаска.

Вирусот, вели тој, можеме да го совладаме само ако почитуваме мерки.

– Секое водење грижа за здравјето, со маски, дистанца, дезинфекција, сето тоа е помош за здравствените работници. Мицкоски глумеше дека се грижи за здравјето, па не можело избори на 8-ми, ама можело на 15-ти, од пусти страв и инает. Како и да е, здраво е да имаме парламент, да имаме политичка влада, убеден сум дека сето ова ќе заврши успешно. Ние сме демократска и европска држава и на режимот нема да му дадеме никогаш шанса, категоричен беше тој во говорот.

Заев уште еднаш искористи прилика да укаже дека времето на лажниот патриотизам на ВМРО ДПМНЕ е поминато и дека денес патриотизмот има нови форми, интеграција, развој, демократија…

Слични содржини