Заев е дециден за оставката и таа тема е затворена, вели Морачанин

од Nikola Popovski

Имавме конструктивна средба со премиерот Зоран Заев и тој е дециден за оставката и таа тема е затворена, вели претседателката на ДОМ, Маја Морачанин во емисијата „24 анализа“.

Според неа, само прашање на време кога ќе започне формалната процедура со предавање до Собранието и потоа претседателот да го даде мандатот.

-Премиерот беше одлучен во својата намера и сите други дебати немаат простор. Тој смета дека тоа е најдобар интерес за општеството и државата во контекст на понатамошен прогрес на Македонија. Тоа е негов став дека не треба да остане на функцијата. Процесите треба да продолжат да течат и не треба нешто драматично да се гледа на неговата оставка, смета Морачанин.

Слични содржини