Заев е негативен на тестот за коронавирус

од Vladimir Zorba

Лидерот на СДСМ и експремиер, Зоран Заев е негативен на тестот за коронавирус, дознава Локално од свои извори.

Лидерите на двете најголеми политички партии, Зоран Заев и Христијан Мицкоски од денеска се во задолжителна изолација, сподели министерот за здравство Венко Филипче на денешниот прес во Владата. Двајцата имале контакт со заразен новинар.

Заев преку Фејсбук посочи дека нема симптоми на коронавирирусот, но ќе биде во изолација.

-Би сакал да ве информирам дека во текот на минатата недела имав ТВ интервју со новинар, за кој неодамна се утврди дека е позитивен на КОВИД-19. Иако во текот на интервјуто ги преземавме сите заштитни мерки како избегнување контакт и одржување дистанца, согласно сите протоколи, од денеска сум во самоизолација во мојот дом во Струмица. Немам симптоми, денеска се тестирав за присуство на вирусот и резултатите ги очекуваме во текот на денот – по што ќе се утврдат следните чекори, напиша Заев на фејсбук.

Слични содржини