Заев е уверен дека со коалицијата ќе има повеќе градоначалници тколку ВМРО-ДПМНЕ

од Берта Китинска

-Најдоброто победува и водиме пред ВМРО ДПММНЕ во повеќе од 30 општини и во Скопје. Таму каде што води ВМРО ДПМНЕ, видете ја структурата на гласови и ќе видите дека нашите коалициони партнери одземаат добар дел од гласовите кои ќе дојдат кај нас во вториот круг. Стотици илјади гласови се обврска и нема да застанеме и да дозволиме некој да ја враќа земјата назад. На крајот ќе имаме повеќе градоначалници во повеќе општини во споредба со ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција. Затоа Мицковски бараше избор на градоначалници во првиот круг, свесен што ќе се случи во вториот круг, речелидерот на СДСМ, Зорна Заев.

Tој додаде дека СДСМ победува во Струмица, Крива Паланка, Карпош, Центар, Шуто Оризари, Кочани, Делчево, Крушево, Ресен, Дојран, Валандово, Македонска Каменица, Богданци, Берово, Кривогаштани, Пехчево, Пехчево, Маврово, Чашка, Росоман, Старо Нагоричане, Лозово, Конче, Арачиново, Дебарца, Долнени, Куманово и во Скопје.

Лидерот на партијата рече дека целата владина коалиција е огромна и се обединува во вториот круг за прогрес и за да се зачува безбедна и сигурна иднината на државата.

-Ги повикувам сите наши поддржувачи да дадат поддршка за нас и во вториот круг. Јасна е пораката од народот и кај што победивме и кај што не победивме, тој сака ште повеќе работа и резултати. Го повикувам цел народ да продолжи прогресот и да продолжи да се обединнува бидејќи злото се заканува. Владината коалиција на прогресот ќе се обедини и ќе влезе во борба за мнозинствата во најголем број од советите. Тоа се мнозинствата низ кои се претставни прогресивните политики поддржана од огромното мнозинство на народот. На Мицковски му порачувам, Кочи Мицко, вториот круг е пред нас. Убеден сум дека ќе имае мнозинство или повеќе градоначалници во повеќе општни и нема да има диплема кој е победник, рече Заев.

Слични содржини