Заев: ФФМ примила државни пари, затоа мора да го следи уставното име на државата

од Nikola Popovski

„Час поскоро, треба да се гласаат овие меморандуми и договори со Грција, поради тоа што се добри и за двете земји“, изјави премиерот Зоран Заев за емисијата „Топ тема“, откако Грција реагираше на неговиот твит пред натпреварот на македонската фудбалска репрезентација со Холандија.

Според него, ФФМ е приватен субјект, но јасна е определбата дека препораката е да се менува името затоа што сите институции кои примаат државни пари за нивно претставување надвор, имаат обврска кон Преспанскиот договор.

„И федерациите кои што не примаат пари и други здруженија треба да го следат уставното име, иако ова предизвикува горчина и кај мене. Во месец јануари ФФМ има примено пари од Агенцијата за млади и спорт на име младински и кадетски категории, кои што излегуваат надвор“, додаде Заев.

Слични содржини