Заев-Фон дер Лајен: ЕУ да го забрза процесот на проширување, блокадата ги храбри противниците на европското вредности

од Nikola Popovski

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска се сретна со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен којашто е во еднодневна работна посета на нашата земја.

Премиерот Заев ја пречека претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, придружувана од шефот на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија амбасадорот Дејвид Гир по што беше одржана билатерална средба на којашто учествуваа и заменик-претседателот во Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Премиерот Заев и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен го посетија Младинскиот културен центар во Скопје, кој е реновиран со средства од Европската унија и ја разгледаа изложбата за придобивките од Младинската гаранција, проект кој во Северна Македонија се спроведува како единствена земја надвор од ЕУ и со која беа опфатени 60.000 млади лица со цел да се намали невработеноста кај оваа популација.

За време на посетата, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја најави испораката на првата транша од 2,6 милиони евра, од вкупно 15 милиони евра, за буџетска поддршка на нашата земја за политиките за младинско образование и вработување.

На прес-конференцијата одржана во завршницата на агендата на еднодневната посета на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен на нашата земја, премиерот Заев истакна дека Република Северна Македонија останува силно посветена на својот пат кон ЕУ.

„Ние ги направивме сите потребни чекори и реформи и ќе ги направиме и дополнителните прифатливи за деблокирање на проширувањето на ЕУ. Се надеваме дека и земјите членки на ЕУ ќе ја реализираат декларацијата од Брдо-Крањ на словенечкото претседателство дека остануваат на заложбата за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан”, истакна премиерот Заев.

Слични содржини