Заев ги обезбеди пратениците за промена на Уставот

од desk4

 Со последните разговори , со партиите на Алијансата на Села и  Беса на Касами, Заев го  бетонираше двотретинското мнозинство за промена на Уставот, а со тоа и гласање за Договорот од Преспа и промена на името.

 Не е исклучено и да се надмине бројката од 80 пратеници, а  целата процедура за промената на Уставот би требало да заврши до петок.  

По прифаќањето на премиерот Зоран Заев на дел од амандманите на Алијансата за Албанците и Движењето Беса кои беа услов нивните четворица пратеници да гласаат за уставните измени, обезбедени се сигурните  80 гласови за имплементација на Договорот од Преспа.

Дека овие четворица пратеници се сигурни потврди и вчера лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села, по средбата со Заев , потенцирајќи  дека е задоволен од прифатеното.

 Владини претставници разговараат и со тетовското крило на Движењето Беса на Билал Касами, кои имаат двајца пратеници во Собранието. Амандманите на Беса беа слични со тие на Алијансата за Албанците.

Објаснувајќи за договарањето, Заев рече дека промена ќе претрпи Преамбулата, а зборот „граѓани“, нема да се споменува два пати. Се брише зборот „граѓаните кои живеат во нејзините граници“ и потоа се набројуваат сите етнички заедници.

Измени ќе претрпи и амандманот 36 кој се однесува за грижата за дијаспората. За Владата прифатлив е амандманот на Алијансата за Албанците со кој покрај македонскиот народ ќе бидат наведени и другите етнички заедници.

Во уставниот закон ќе се вметне и Косово, како петтата држава со која граничиме.

Собранието  за денеска во 12 часот ја закажа седницата на која започнува третата финална фаза од донесувањето на уставните измени во Собранието.

На дневен ред се утврдување на Предлог амандманите 33,34,35 и 36 на Уставот на Република Македонија, нивно донесување и прогласување.

Слични содржини