Заев го пречека Курти пред зградата на Владата

од Nikola Popovski

Премиерот на Косово Албин Курти во овие моменти пристигна пред зградата на Владата на „Илинденска бб“, каде во текот на декот ќе се одржи првата заедничка седница во полн состав на Владите на Република Северна Македонија и Република Косово. Тој е дочекан со сите официјални и државни почести, при што се интонираа и химните на двете земји.

Ќе има тет-а-тет средба на премиерите Заев и Курти, како и билатерални средби на министрите во Владите на двете земји.

-Заедничката седница на владите ќе се одржи веднаш после средбите на премиерите и министрите и на неа е предвидено свечено потпишување на повеќе меморандуми и договори за соработка, информираат од владината прес-служба.

Слични содржини