Заев: Годишнината од членството во НАТО е повод кој го буди секое македонско срце

од Nikola Popovski

Годишнината од членството во НАТО е повод кој го буди секое македонско срце. Момент на кој сите се сеќаваме со гордост. Денес, кога беснее разорна војна, гледаме колку е значајно тоа што ние сме НАТО. За секој граѓанин денес да биде спокоен, за домот ни е сигурен и безбеден – вредеше, објави поранешниот премиер Зоран Заев по повод две години полноправно членство во НАТО.

Според него ,тргнавме со лузни од крвави удари по дома и раб на граѓанска војна.

-Се изборивме за реформи кои нѐ трансформираа од заробена држава во демократија. Излеговме од изолацијата од светот, за денес да носиме одлуки за нашата судбина рамо до рамо со најмоќните во светот. Го постигнавме историскиот Преспански договор. Гледајќи како недалеку од нас се гранатираат недолжни цивили, се потсетуваме зошто е важно тоа што спорот со соседите го решивме преку дипломатија и мир.

Референдумот од 2018 го подржаа над 600.000 граѓани. Со зборовите на мојот драг пријател Столтенберг: „Вратата на НАТО е отворена, но само граѓаните на вашата земја можат да одлучат да ја поминат“.

Вредеше, мој народе! Остварувањето на вековниот сон на нашите револуционери. Обезбедувањето сигурност за сегашноста. Обезбедувањето иднина за младите, напиша Заев на социјалните мрежи.

Слични содржини