Заев: Голема е загубата во делот на шумите, но во брзо време ќе ги возобновиме

од Берта Китинска

Солидарноста, системското функционирање, хиерархиската поставеност, во координација со меѓународните сили, го дадоа резултатот за да се локализираат и изгасат пожарите, вели премиерот Зоран Заев.

-Заслужни за тоа се армиските хеликоптери, заедно со нашите херои – пожарникарите, полицијата, армијата, шумарите и шумските служби, ДЗС, ЦУК, како и помошта од Австрија, Словенија, Романија, Бугарија и Србија.Голема е загубата во делот на шумите, но во брзо време ќе ги возобновиме. Важно е дека се заштитени луѓето, куќите, шталите и имотите на граѓаните, напиша Заев на фб.

Нови 52 пожарникари доаѓаат од Словенија

Влада на Република Словенија одлучи по предлог на Словенечкото Министерство за одбрана да испрати нови 52 припадници на Цивилната единица за заштита и гасење на пожари. Овие нови луѓе ќе бидат испратени да ги заменат членовите на првиот контигент кој пристигна пред неколку дена.

Словенија беше меѓу првите земји кои испратија помош на Македонија за гасење на пожари. Освен пожарникари, Словенија испрати и неколку противпожарни возила.

„Имаме таму имаме специјални противпожарни возила за гасење на пожари на планински места. Ја менуваме само екипата, сметајте дека работат таму од петти август, па до денеска. Сметајте дека имаат 12 интервенции на ден, при температури која е над 35 степени. Жешко од самиот пожар, огромен чад, оргомен напор“, вели Марко Адамиќ.

Црна Гора испраќа хеликоптер за гаснење на пожарите

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска преку својот Фејсбук профил информираше дека утре ќе стигне помош во справувањето со пожарите од Црна Гора.

-Во справувањето со пожарите се вклучува и Црна Гора – испраќа хеликоптер Bell 412. Благодарност до колешката Оливера Ињац, напиша Шекеринска.

Слични содржини