Заев: Гоце Делчев е македонски револуционер, но факт е дека и Бугарите го сметаат за нивни

од Aleksandar Petrovski

На прес конференција премиерот Зоран Заев на новинарско прашање одговори дека Гоце Делчев е македонски револуционер, а историските личности треба да ги гледаме за соработка меѓу двете земји.

-Гоце Делчев е македонски револуционер, но факт е дека и Бугарија и бугарите го сметаат за бугарски. Знаете дека заедно се поклонивме со премиерот Борисов на неговиот споменик и во Бугарија и овде во Скопје. На историските личности треба да гледаме соработка меѓу двете земји, а историските моменти не треба да ги ставаме под тепих туку тие треба да се решаваат.

Очекуваме во периодот не подоцна од 10 ноември да се сретнеме со Борисов, каде ќе ја имам првата официјална посета на Бугарија по победата на изборите.

До тој период двете комисии продолжуваат со работа. Заедно со Бугарија сме домаќини на Самитот на берлинскиот процес и нашето очекување е да седнеме и да најдеме решение.

Очекуваме до крајот на годината да се одржи меѓународната владина конференција, рече Заев.

Слични содржини