Заев: Граѓаните го казнија неодговорното однесување на ВМРО-ДПМНЕ кон Штип

од Vladimir Zorba

Срцето на македонскиот исток останува во сигурни раце, изјави премиерот Зоран Заев вечерва по прогласувањето на победата на кандидатот на СДСМ, д-р Сашко Николов за нов градоначалникна Штип.

Тој вели дека изборите бил фер, слободни, демократски и безбедни за здравјето по граѓаните.

– Победи вистинскиот кандидат, д-р Николов, победи и Штип и желбата да продолжи развојот и напредокот на овој македонски град. На граѓаните на Штип имблагодарам за одговорноста што ја покажаа за својата општина, благодарам и за довербата во СДСМ, во институциите што ги водиме и патот по кој одиме, посочи премиерот, додавајќи дека граѓаните на сите етнички заедници во Штип има на што да бидат горди.

Според него граѓаните на овој град испратиле порака и до „бојкотирачот, блокирачот,кој повторно избега од својот народ“.

– Граѓаните го казнија неодговорното однесување на раководството на ВМРО-ДПМНЕ кон Штип, кон центарот на македонскиот исток. Кажаа „да“ за напредокот на Штип, „да“ за грижа, одговорност и стабилност. „Не“ за блокадите, „не“ за бојкотот, „не“ за лаги, стравови и хистерии. Не дозволува овој наш народ блокади, кочења и уназадувања, додаде Заев и му посака успешен мандат на Николов.

Слични содржини