Заев: Хеликоптерот мораше да лета празен или не, и јас можеби се плашам но таква ми е агендата

Во рамки на гостувањето во „Само интервју“, премиерот, Зоран Заев се осврна меѓудругото и на денешното пристигнување во Прилеп со хеликоптер, за што доби критики од опозицијата и граѓаните.

„Граѓаните треба да бараат одговори, ние сме должни да одговориме. Уште еднаш да потенцирам, пилотот и леталото мора да летаат макар и празни, часовите по стандарди мора да ги исполнат. Јас бев таму службено, а не приватно. Хеликоптерот троши помалку пари од автомобилот на Заев и двете возила пред и по него кои се движат. Можеби ми е страв да летам, но морам да ја исполнам агендата. Јас трет или четврти пат го користам хеликоптерот. Мојот автомобил и мотор јас ги користам приватно“, истакна Заев.

Слични содржини