Заев и Ахмети имале тричасовна средба, разговорите ќе продолжат и во текот на викендот

од Nikola Popovski

Од СДСМ излегоа со соопштение во кое ја известуваат јавноста деа попладнево завршила работната средба меѓу СДСМ и коалицијата “Можеме” и ДУИ на која учествувале претседателите Зоран Заев и Али Ахмети и генералните секретари Љупчо Николовски и Артан Груби.

„Средбата доаѓа после доделувањето на мандатот на Зоран Заев од страна на Претседателот Пендаровски за составување предлог за Влада со четиригодишен мандат. На тричасовната конструктивна и продуктивна средба постигнати се основи за напредок кој води до коалиционен договор за нова, европска Влада посветена на европските интеграции, на економијата, еднаквоста и на владеењето на правото. Разговорите меѓу двете партии ќе продолжат во текот на викендот на ниво на генерални секретари“, велат од партијата.

Слични содржини