Премиерот Зоран Заев ја коментираше вчерашната изјава на претседателот на Собранието Талат Џафери, дека од 27 април лани, од седницата на Собрание кога тој беше избран за претседател на сред сала, нема записник, па рече дека тој може да се извлече од видео-запсите.
На новинарско прашање по прес-конференцијата со германскиот министер Михаел Рот, дали Џафери е легитимен претседател на Собрание ако нема записник, Заев одговори дека за тоа постојат видео-снимки.
„По 32 дена блокирано Собрание се спроведе процедурата и се гласаше со мнозинство за претседател на Собрание. Ако не постои записник, тој може да се преточи на хартија затоа што има видео записи“, рече Заев.
Додаде дека, од тогаш до сега, се што се работи од ова парламентарно мнозинство и од владата се прави транспарентно.