Заев: И јас сум подготвен да шутирам кога ќе ми наместат пенал, ама натпреварот трае и треба да трае

Во рамки на денешната прес конференција врзана за презентирање на Агендата „Европа дома“, премиерот Зоран Заев ги потенцираше вредностите кои ќе бидат темел за спроведување на оваа агенда.

На новинарско прашање за „Локално“, врзано за објавата на Красимир Каракачнов, на чиј профил беше објавена мапа од Санстефанска Бугарија во чии граници е и С.Македонија, премиерот Зоран Заев одговори:

„Како што е подготвен да шутира Никола, така веројатно и јас сум кога ти местат пенал, но мора да внимаваме дека натпреварот трае и мора да трае. Ова го кажувам од апскет што Договорот со Бугарија за добрососедство и соработка покажува дека државите една кон друга немаат територијални претензии, а притоа ќе кажам и јас дека немам намера да излегувам во предизборен фолклор на било која наша соседна земја, бидејќи тоа за мене е предвечерие на изборите и ништо повеќе и ништо помалку. Секоја наша реакциија би значела влегување во предизборна кампања на Бугарија“.

Слични содржини