Заев и Мицкоски на средба во Владата

од desk2

 

Во 14.30 часот, треба да се сретнат премиерот Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

По завршувањето на средбата ќе биде испорачано соопштение до јавноста, соопштија од Владата.

Заев вчера на прес-конференцијата кога го соопшти постигнатиот договор рече дека поради отсуство на Мицкоски денеска од државата најверојатно ќе се видат во четврток и ќе ја запознае опозицијата со договореното.

Мицкоски, пак, рече дека ги откажал сите состаноци и денеска побара итна средба со премиерот и претседателот на државата.

Слични содржини