Заев и Тачи договорија соработка: СДСМ и ДПА ќе се поддржат во повеќе општини

од Nikola Popovski

Премиерот Зоран Заев објави дека со претседателот на ДПА, Мендух Тачи договориле соработка за локалните избори.

-СДСМ и ДПА реципрочно ќе соработуваат и ќе се поддржат во повеќе општини, со цел за граѓаните да ги обезбедиме најдобрите градоначалници и советници на кои служењето на народот им се главна цел и определба. Во некои општини соработката ќе ја реализираме во прв круг, а во други општини во втор круг. СДСМ продолжува ја гради и развива најголемата и најдобра коалиција за локалните избори во октомври, стои во објавата на премиерот.

Претходно премиерот најави дека е договорена соработка и со ДУИ.

Тој истакна дека заедно ќе учествуваат на изборите уште во првиот круг, каде што е возможно.

-Некаде ќе настапиме заедно и во вториот круг. Коалициите ќе се прават по самото завршување. Тука се и Беса, ДПА и помалите партии, кои се наши коалициски партии, рече Заев пред два дена.

Слични содржини