Заев и Ципрас со делегациите пристигнаа во Отешево

од Vladimir Zorba

   Делегацииите кои денеска присуствуваа на потпишувањето на договорот за името во Псарадес на грчка страна, пристигнаа во Отешево каде е планиран заеднички ручек. 

Присутни се премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, високата претставничка за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини, еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, медијаторот на ОН Метју Нимиц и амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар.

По заедничкиот ручек, се очекува билатерална средба да остварат премиерите Заев и Ципрас.

Слични содржини