Заев: И во услови на корона криза, завршени се 80% од примарната и секундарната гасификација во државава

од Vladimir Zorba

„Во 2019 и 2020 година во услови на корона криза, завршени се 80% од примарната и секундарната гасификација во државава, проект кој се одолговлекуваше речиси 20 години“, сподели лидерот на СДСМ, Зоран Заев на својот Фејсбук профил.

„Досега инвестирани се речиси 1 милијарда евра во патната инфраструктура и во план е да се инвестираат дополнителни 2 милијарди во следните неколку години.

* Рехабилитирани се повеќе од 750 километри патишта
* Се работи на 1.500 километри патна инфраструктура
* Завршена е 80% од магистралната гасификација
* Се градат 500 километри водовод и канализации

Инвестициите во инфраструктурата отвораат нови работни места, влијаат на движењето на економијата и го подобруваат животот на секој еден граѓанин“, посочува тој.

Слични содржини