Заев: Иднината на Европа е со Западен Балкан

од Берта Китинска

Упатувам искрена благодарност до канцеларот на Австрија, Себастијан Курц кој денеска во Виена повторно демонстрира вистинска одговорност и лидерство и кон Западен Балкан и кон Европа, напиша премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил.

-Сѐ додека постојат вакви лидерства посветени на интеграциите, европската идеја нема да може да биде сериозно загрозена, а европската перспектива секогаш ќе биде победник над евроскептицизмот.Денешната панел дискусија во Виена уште еднаш покажува дека иднината на Европа е со Западен Балкан, а иднината на Западниот Балкан е со Европа, напиша Заев на социјланите мрежи.

Слични содржини