Заев: Има провокатори на протестите и ќе одговараат- ние сме за мирни протести и народ!

од Vladimir Zorba
105 прегледи

Свесни сме дека на протестите се присутни и луѓе кои сакаат да провоцираат насилство, но сакам уште еднаш да апелирам за мирни протести, рече Зоран Заев, лидерот на СДСМ на денешната прес конференција .

0,,18430900_401,00

– Според она што ние го имаме како информација и според она што го зборуваат луѓето, на протестите влегуваат провокатори и провоцираат насилство. Но тие треба да се свесни дека тоа се евидентира, нема бегање од тоа, на крајот ќе треба да одговараат, зашто тие се виновни за насилството. Апелирам, замолувам за мирни и ненасилни протести и се гордеам со младите луѓе што протестираат. Ние се бориме за поинаква Македонија, за Македонија без насилство кое ние го поминуваме овие девет години – рече Заев.

Слични содржини