Заев: Имаме предност од 3 пратеници, со можност за уште еден или двајца повеќе

од Nikola Popovski

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на прес-конференција во хотелот „Белви“ изјави дека во моментов СДСМ и коалицијата „Можеме“ има предност од над 3 пратенички мандати, со можност за уште еден или два повеќе. Тој наведе дека неговата партија во моментов има 49 пратеници, додека ВМРО-ДПМНЕ 46.

„Нашата коалција е победничка на овие избори. Излегоа граѓаните и гласаа за ред, правда, подобро денес и подобро утре. Имавме мирни, достоинствени, слободни, фер и демократски избори. Концептот парите кај граѓаните го порази концептот обнова на режимот“, рече Заев.

Тој изјави дека го разбира ставот на граѓаните што не излегле на изборите.

„Знам дека тие луѓе сакаат поголема правда и јас им ветувам дека ќе има правда, ќе направам се нивниот став гласно да го кажат веќе на следните избори. Патот е исправен, но мора да се работи уште повеќе и уште посилно. Ви ветувам дека тоа ќе го правиме во иднина, ќе растата платите, парите ќе се враќаат кај граѓаните“, рече Заев, кој додаде дека ќе подадат рака на секој на кој му е потребна поддршка.

Слични содржини