По средбите со вицепремиерот и министер за внатрешни работи Силван Шалом и вториот човек на израелската разузнавачка служба Мосад, првиот опозиционер изјави дека Израел нема дадено донација во пари за Македонија. Ова според Заев уште еднаш докажува дека во случајот со набавка на опрема од Израел била земена провизија.

12088216_682902908513763_5643010970574234974_n
Вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Израел- Силван Шалом изрази државно дистанцирање од внатрешно-политичките проблеми во Македонија.
“Израел останува воздржан за скандалот со прислушувањето, нема да се мешам во внатрешните прашања на вашата земја”- изјави Шалом

Официјален Израел досега не информираше дали на државава и е дадена донација од евра за опрема за специјалните сили вредна 5 милиони евра, што беше одговор на власта на бомбата со која СДСМ обвини дека е земена милионска провизија за набавка на опрема за прислушување.

Слични содржини